Го нападнале со нож и му зеле 4.500 евра - крвав инцидент во Скопје
Вчера нешто пред полноќ непознато женско лице и пријавило дека нејзиното момче, 24-годишниот Б.Б. од Скопје и се јавил телефонски и и кажал дека бил нападнат и му биле одземени околу 4.500 евра.
По настанот истиот бил пренесен во општата градска болница во Скопје, каде му е извршена хируршка интервенција.
Полицијата на местото на настанот нашла нож со кој најверојатно е извршено делото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
08.09.2013 - 13:12