"Да живее Македонија и да ни е вековит празникот" - ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 8 септември
ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија им го честита државниот празник. Тоа е денот кога Македонија ја круниса својата вековита борба за самостојност.
8 Септември е третиот Илинден за Македонија, кога сонот на илјадници херои кои се саможртвуваа за својата татковина, стана реалност. Нивната храброст и решеност беа водилка на сите генерации и аманет кој како пламен гори во секој од нас.
Нека овој ден не обединува и потсетува од потребата заедно сите да се вложиме во процесот на изградбата и напредокот на нашата татковина. Македонија е градена со рацете на нашите предци и со почитта кон разликите кои не сплотуваат.
Сите ние без разлика на политичката, етничката и верската припадност имаме обврска да ја продолжиме вековната борба, но овојпат како борба за создавање нови дела и поголем просперитет на Република Македонија.
Да живее Македонија.
Да ни е вековит празникот.
Да ни е вековита татковината.
Интегрално.