ФОТО: Македонското знаме подигнато во Торонто по повод Денот на независноста
По повод 22-годишнината од прогласувањето на самостојноста на Република Македонија во центарот на Торонто пред Собранието на Онтарио, беше високо подигнато македонското знаме.
Во организација на Генералниот конзулат на Македонија во Торонто, во присуство на стотици Македонци и странски гости пријатели на Македонија, оваа година македонското знаме го подигна Алек Петличков, кој повеќе од половина век е кореограф на најстарата играорна група помеѓу македонската дијаспора во светот - „Македонка“ од Торонто.
Честитки по повод Денот на независноста на Македонија испратија премиерот на Онтарио, Катлин Вин и градоначалникот на Торонто, Роб Форд.
08.09.2013 - 11:48
Фото:
МИА