Формирана комисија за лиценцирање на директорите на детските градинки

Министерот за труд и социјални политика Диме Спасов при денешната работна посета во Штип соопшти дека во тек е постапката за лиценцирање на директорите и воспитувачите во детските градинки.

- Започнат е процесот за лиценцирање, формирана е Комисијата, која во моментов ја работи програмата за обуки. Во текот на септември ќе започне обуката за директорите, по поминување на 48 часовна обука ќе се полагаат испити и потоа директорите ќе се здобијат со лиценците согласно законот за детска заштита. Како втор чекор е лиценцирањето на сите вработени во градинките, односно стручните работници, воспитувачите, социјалните работници итн, вели Спасов.

07.09.2013 - 13:43
Фото: 
Евести

најчитано сега