ВМРО-ДПМНЕ ги демантира тврдењата на СДСМ: Јовановска-Типко ниту е ниту била советник на премиерот Груевски
Остро ги демантираме наводите на СДСМ кои денеска ги изнесе портпаролот Шилегов.
Станува збор за манипулации и груби невистини.
Личноста за која СДСМ зборува, не е, ниту пак некогаш била советник на Премиерот Никола Груевски.
Госпоѓата Јовановска-Типко беше избрана за интервју по објавениот оглас на кој можност за пријавување имаа сите граѓани на Република Македонија, а во согласност со целокупната законска регулатива која се однесува на начинот на избор на амбасадори на Република Македонија.
Притоа, во постапката се запазени сите институционални чекори и се добиени позитивни препораки од сите надлежни државни институции.
СДСМ свесно лаже, за да создаде забуна во јавноста. За разлика од времето кога СДСМ раководеше со Република Македонија, сега на сите граѓани им се гарантирани еднакви можности да ги презентираат своите квалитети и да конкурираат за било која одговорна позиција.
СДСМ очигледно жали за времето кога само деца од нивните фамилии имаа можност да напредуваат во кариерата.
Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на СДСМ.