Марин Докузовски ја заработи наградата за животно дело
Марин Докузовски, поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација ја доби државната награда „8-ми септември“ за животно дело.
Наградата „8-ми септември“ која се доделува во областа од спортот, оваа година ја заработи Марин Докузовски. Одборот за доделување на наградата едногласно одлучил наградата за животно дело да му припадне на поранешниот селктор на македонската репрезентација.
До Комисијата за доделување на наградата стигнале 5 апликации за животно дело и 9 апликации за Државната награда.
Прво апликациите ги разгледа комисијата која постои од формирањето на одборот и која е формирање по повод доделувањето на наградата, а потоа даде одредени предлози за животно дело и за државната награда. На 29-ти август одборот се состана и во однос на она што го достави комисија едногласно се реши наградата за животно дело да ја добие Марин Докузовски, а четирите државни награди да ги добијат Зоран Михајлов, Живко Дуковски, Мирко Петровски и Златко Кецковски, изјави претседателот на Одборот за доделивање на наградата „8-ми септември“ од областа на спорот, Зоран Радиќ.
Наградите ќе им бидат свечено врачени на добитниците во недела во 11 часот во македонската Влада.