Експрес диета: Стопете ги килограмите со банани
Сакате да го изгубите вишокот на килограми брзо и на здрав начин? Вистинското решение можеби е пред вас, се зависи од вашите афинитети и расположение да ја прифатите диетата наречена „Утринска банана“. Воопшто не е комплицирана, напротив – секој секој ден треба да го почнете со банана и чаша вода, тоа е основата на се.
Експертите велат дека оваа диета влијае на губење на тежината, бидејќи бананите го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот.
Тие се богати со скроб, кој има низок гликемичен индекс, што значи дека подолго време се вари и подолго остава чувство на ситост.
Упатствата се јасни за луѓето кои сакаат да ја испробаат оваа диета:
немојте да вечерате после 20 часот
не јадете благо после 15 часот
од намирници не смеете да консумирате само млечни производи и алкохол
бананите мора да бидат исклучиво свежи, не замрзнати, печени или подготвени на кој било друг начин
Појадокот е само банана и чаша топла вода.
За ручек изедете нешто по ваш избор и свежа салата.
За вечера, оброк кој содржи многу овошје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа