Министерството за труд и социјална политика ќе му помогне на семејтвото Стојанови
На семејството Стојанови од село Каратманово, Свети Николе, ќе му биде доделена еднократна парична помош, донации во покуќнина од проектот „Се грижиме за топол дом” и пакети со облека и обувки за децата, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов откако вчера го посети седумчленото семејство.
Според Спасов, одредени стопанственици веќе се понудиле да обезбедат вработување за Санде Стојанов.
Црвениот Крст донираше пакети со храна и прехрамбени артикли и хигиенски намерници, а општина Лозово ќе додели парична помош. Министерството за труд и социјална политика најави дека ќе продолжи да го поддржува и помага ова семејство.
05.09.2013 - 08:54
Фото:
novini.mk