ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Додека народот врзува крај со крај, прилепските директори поставени од СДС се луксузираат
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп информираат дека лудориите на прилепските директори станале секојдневие.
-Додека еден си префрлал државни пари на сметката од татко му, додека работниците гладуваат и земаат по едно евро плата ,се појави друг уште “појак” oд негo. Тоа е Јане Станкоски директор на Инспекторатот за земјоделие,претседател на ЛДП во Прилеп,поранешен директор во Тутунски комбинат. Сакајќи да го имитира неговиот идол Заев кој бара да му постелат црвен тепих во нива, овој одлучил да си ги исполнува желбите од детството, ама со државни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
-Додека земјоделците не можат да закрпат крај со крај од лошата реколта за сите култури,од повисоката цена на нафтата,повисоката акциза за 3,5 денари, зголемениот данок, Јане наш си одлучил да набави најлуксузно возило од 32.000 евра. Со оваа локална и централна власт Прилеп оди во пензија, Прилеп пропаѓа, Прилеп го достигнува дното во сите области: економија, инфраструктура, хигиена,здравство! Уништени се сите манифестации. Дали Јане одлучил да се вози со најлуксузно возило, а стечајците во меѓувреме гладуваат,пензионерите добиваат помали пензии, 300 фамилии останаа без егзистенција… Џез фестивалот и Прочка останаа со нула денари поддршка од Влада, додека коледарчињата се бркаат од Општина, додека се уништуваат културни споменици, министерот Алаѓозовски оддели средства за ГЕЈ ПАРАДА, субвенции за деца кои воспеваат херои од УЧК,средства за невладини на вработени во култура, велат од Општинскиот комитет.
Оттаму прашуваат дали Станкоски е само еден пример за тоа како се раскрчмуваат народни пари? Од партијата очекуваат тој најитно да биде разрешен од министерот за земјоделие или во спротивно и него ќе го сметаат за соучесник во ова развластие и лудило што им се случува на општината и на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа