Амди Бајрам: Секогаш сум кажувал - кој е на власт, јас сум со вас
Претседателот на Сојузот на Ромите денеска беше гостин во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Бајрам одговори зошто ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и кои владини проекти ќе ги поддржува.
-Точно е дека јас сум секогаш на власт. Секогаш сум кажувал дека кој е на власт, јас сум со вас. Нормално е да бидеш во власта, бидејќи јас сум единствен Ром во Собранието и сам ништо не можам да направам. Груевски доста направи за нас Ромите и јас тоа го ценам. Задоволни сме од таа коалиција, но со заминувањето на Груевски и јас ја напуштив таа коалиција, рече Бајрам.
19.02.2018 - 23:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа