Собранието утре ќе го разгледува барањето за избор на нови членови на ДИК
На Седницата закажана за утре во Собрание, пратениците ќе го разгледаат предлогот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за објавување јавен оглас за избор на нови членови на ДИК. На утрешната 34-седница на Собранието, која што е закажана за во 12 часот, предлог одлуката за објавување на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК е втора точка на дневниот ред.
Милошоски испрати барање до претседателот на Собранието Талат Џафери, во почетокот на февруари, за итно распишување на оглас за избор на нови членови на Државната изборна комисија.
Според предлагачот, итноста од објавување оглас за избор на нови членови на ДИК е со цел комплетирање на составот на ДИК, откако претходните членови поднесоа оставки по скандалот со делење бонуси за изборите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа