Породлжуваат поделбите и превирањата: Крилото на Билал Касами не признава друга БЕСА

 

Превирањата и поделбите во движењето БЕСА продолжуваат, откако денеска и поддржувачите на Билал Касами го објавија рокот за доставување на кандидатури за претседател на партијата. Според нив, тоа што се случуваше вчера во Тетово беше собир на граѓани, а вистинскиот конгрес на БЕСА ќе се одржи на 24 февруари во Скопје, пишува Сител.

Од крилото на Касами велат дека политичката партија БЕСА е регистрирана во соодветниот регистар, и по завршување на претстојниот когрес целокупната документација ќе ја достават во Судот. Додека сите оние кои биле дел од собирот на граѓани во Тетово, се самоисклучиле од БЕСА.

На вчерашниот конгрес во Тетово, кој беше во организација на фракцијата на БЕСА која беше на страната на Неџбедин Карамани, за лидер на партијата беше избран Африм Гаши. По неговиот избор, тој истакна дека ќе побараат од Судот тие да го добијат правото на името БЕСА, а доколку не дојде до таков расплет, партијата ќе функционира под друго име.

 

 

 

19.02.2018 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега