Пристигнува помош за најсиромашните семејства

 

Облека, обувки, постелнини, млечни производи, книги, покуќнина, детски играчки ќе донираат вработените од компанијата „Здравје Радово“ заедно со своите семејства, а во соработка со Црвениот крст од Скопје, со цел им помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови.

Од компанијата се надеваат дека и оваа хуманитарна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест и дека ќе им помогне на најзагрозените семејства кои често се повеќечлени домаќинства и на кои секоја донација им е добродојдена.

Оваа донација е само една од низата активности кои ги презема компанијата за подобрување на квалитетот на живот на најзагрозените социјални категории на кои помошта им е најпотребна.

04.09.2013 - 12:54

најчитано сега