Груевски на средба со претседателот на Газпром Алексеј Милер
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претседателот на руски Газпром кој ја предводи делегацијата на компанијата, Алексеј Милер. Според најавите, средбата ќе се одржи денеска во 13 часот во просториите на македонската Влада.
Македонија неодамна го потпиша договорот за Јужен Тек кој треба да ја снабдува земјава со гасот на Газпром.
04.09.2013 - 11:57