Карпош: СДСМ е партија на плачковци

 

Г-ѓа Магдица Несторовска, од советничката група на СДСМ очигледно,од скоро дојдена од Гостивар, тешко може да ја препознае волјата на граѓаните на Општина Карпош, а тешко ги разбира и чита и изборните резултати. Граѓаните на Карпош  во огромно мнозинство, дваипол пати погласно им кажаа што мислат на нивната политика заснована на гнев и омраза. Тие јасно им укажаа дека повеќе му веруваат на градоначалникот Јакимовски отколку на кандидатот на СДСМ.

 

Она што е најжално, советничката група на СДСМ продолжува да ја  претставуваат нивната партија како партија на плачковци и лажговци, па сега „пишманлии“ од испуштената прилика и подадена рака за коалицирање од страна на советниците на Српската напредна странка во Македонија, повторно низ плачење и плукање сакаат да си најдат оправдување пред граѓаните на Карпош и пред самите себе за нивните погрешни одлуки. Ова е уште една потврда дека СДСМ е во хаос и продолжуваат со своите погрешни потези.

(Интегрален текст од писмена соопштение на општина Карпош)