Албанија е единствена земја во регионот што не ја признала Македонија под уставното име

 

20 години Македонија и Албанија имаат одлични билтарелни односи , делат заедничка иднина – зачленување во ЕУ, а граѓаните ја минуваат границата само со лична карта што е голема придобивка , констатираа министрите за надворешни работи на двете земји на денешната средба во Скопје. Но и покрај ваквите заеднички оценки , албанскиот шеф на дипломатија без конкретен одговор зошто неговата земја ја нема признато Македонија под уставното име.

„Билатералните односи се пример за добрососедтвао. Ние во нашите билатерални односи ја имаме признаено република Македонија под уставното име и јас тука го користев името Република Македонија.  Што се однесува до прашањето на името тоа е билатерално прашање. Ние ја почитуваме волјата на Македонија, како и на Грција и ќе го почитуваме договорот што ќе го постигнат“, изјави министерот за надворешни работи на Албанија, Алдо Бумчи.

Во меѓувреме грчките медиуми пишуваат дека до 5 мај Атина и Скопје треба да му одговорат на медијаторот Нимиц за неговиот последен предлог. Министерот Попоски вели дека ова се само шпекулации.

„Не постои никаков рок кој е поврзан со датум кој го спомнавте или некој друг рок. Она што е во реалноста е дека Нимиц има комуникација, дека сака да се придвижи процесот. Тоа е наш интерес. Имаме многу причини зошто да сакаме тоа да биде изведено на еден нормален начин. Од наша страна сме целосно посветени на процесот, ги имаме исполнето сите оние критериуми кои се меѓународно преземена обврска, сакаме да имаме отворен дијалог со нашиот јужен сосед и мислам дека доколку таква посветеност видиме и во Атина тогаш сликата навистина би била подобра околу европските и евроатлантските интеграции. Тоа очекуваме да го видиме“, вели Попоски.

Во периодот што следи покрај взаемната поддршка за евроатланска интеграција, Македонија и Албанија  ќе работат на зголемување  и на трговската размена.

Шефот на албанската дипломатија се сретна и со вицепремиерот за европски прашања Бесими, со претседателот Иванов и со првиот парламентарец Вељаноски.

најчитано сега