Раул Гонзалес: Имавме проблем со нападот и во двете полувремиња

 

Ракометарите на Вардар веќе имаат обезбедено место на завршниот турнир во СЕХА-лигата, а после ремито на гостувањето кај Брест само потврдија дека сезонава и немаат вистинска конкуренција во регионалното натпреварување.

Раул Гонзалес не можеше да смета на сите ракометари. Сепак, во составот ги имаше Шпанците кои освоија златен медал на Европското првенство, па може да се очекува и на следното гостување вардарци да одат по бодови.

– Добро е познато дека секогаш е голем предизвик да се играат натпревари против Брест во Мешков. Морам да потенцирам дека имавме проблеми во нападот и во првото и во второто полувреме. Никој не можеше да поведе со повеќе од три гола разлика. Затоа сме задоволни од оствареното на средбата против Брест. Бодот ни овозможи да продолжиме со добрата серија и да останеме сигурно на врвот на табелата, изјави Раул Гонзалес.

Време за одмор и за подготовка ќе нема бидејќи после гостувањето во Мешков, за Вардар следува и гостување во Прешов. Следува дуел против тимот на Татран, а овој меч се игра в сабота од 18 часот.

 

 

 

02.02.2018 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега