Почна лидерската средба за предлозите на Нимиц: Иванов, Заев, Мицкоски и Ахмети на заедничка маса
Вечерва започна координацијата на државно политичкиот врв за спорот со името на кој треба да се одредат црвените линии.
Во Клубот на пратениците стигнаа претседателот Ѓорге Иванов со уште двајца претставници од Кабинетот, премиерот Зоран Заев заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Владо Мисајловски и Александар Николовски, а Ахмети дојде со потпретседателите во Владата Бујар Османи и Хазби Лика.
Тие седнаа на заедничка маса по средбата на Заев со Ципрас која траеше неколку часа во Давос, како и по новата рунда преговори со Нимиц.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа