Да гласаме: Двајца Македонци во изборот за идеалниот тим на првенството во Хрватска

 

Филип Талески и Стојанче Стоилов се најдоа во изборот за идеалниот тим на првенството во Хрватска.

Македонската селекција како 11-та го заврши ова патување, но двајца наши играчи можат да се најдат во идеалниот тим на првенството, доколку ги поддржиме и гласаме за нив.

Стоилов е во игра за најдобар кружен напаѓач на шампионатот, а конкуренција му се Мирхол (Норвешка), Фигуерас (Шпанија), Благотиншек од Словенија и Нилсен од Шведска.

Талески пак, е во трката за број еден лев бек со Хансен, Кулеш од Белорусија, Jепсон од Шведска и Мачковшек од Словенија.

Гласајте за нашите Стоилов и Талески на овој линк.

 

 

 

25.01.2018 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега