Стоилов со изјава пред вечерашниот натпревар:Што кажа за Лазаров

 

Знаеме што не очекува против Чешка, но знаевме и против Шпанија, па видовме како испадна. Лошо влеговме во тој натпревар, моментот со Кире малку не пресече, а потоа ни беше тешко да се вратиме, вели Столе Стоилов пред вечерашниот натпревар со Чешка на Европското ракометно првенство во Хрватска.

Стојанче Стоилов е убеден дека ако одиграат максимално, отсуството на нашиот капитен Кире Лазаров, поради неговата повреда, може да биде надминато.

– Кога игра Кире и кога не игра, не е исто. Но ако не игра тој, ќе се обидеме и без него. Имаме во репрезентацијата многу искусни играчи кои можат да го понесат тој товар и мислам дека имаме реални шанси за Чешка. Мечот со Чешка за нас е како финале, треба добро да се подготвиме, да го вратиме духот кој не красеше во првата рунда, да играме подобра одбрана, да се враќаме, да се бориме и тоа ни е шансата. Мислам дека играта на Чешка малку е сменета од таа во квалификациите, сега играат поискусно, имаат поцврста одбрана. Последниот натпревар ги победивме убедливо, но тоа не е мерило, ова е друг натпревар, притисокот е поголем. Како што реков, можеме да ги победиме и без Кире, но за тоа треба да дадеме 200%, да одиграме грантина одбрана и да постигнуваме лесни голови, додава Стоилов.

Натпреварот помеѓу Македонија и Чешка е на програмата вечерва со почеток од 20.30 часот.

 

 

 

23.01.2018 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега