Нов пресврт во Чаир и БЕСА: Советничка стана претседател на општинскиот Совет

 

Албанската опозициска партија БЕСА повторно направи пресврт на политичката сцена откако се случи пресврт во Општина Чаир каде на локалните избори победи Висар Ганиу, заедничкиот кандидат на ДУИ и СДСМ, но општината беше во „пат“ позиција откако советниците неможеа да изберат претседател на општинскиот совет со јасно мнозинство, пренесе Фактор.

Неколку советници с еиздвоија и со својот глас ја избраа Џемиле Мехмети за нов претседател на Советот на општина Чаир, што предизвикало негодување кај преостанатите советници од групата на БЕСА.

Во БЕСА сеуште има и внатрешни негодувања, дел од партијата е со Касами, дел не го поддржува иако тој изјавува дека де факто е претседател на БЕСА.

 

 

 

23.01.2018 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега