Настапот на Лазаров неизвесен, но во мислите ни е само победа

 

Македонската ракометна репрезентација вечерва тренираше, а поради повредата добиена на вчерашниот дуел со Шпанија не тренираше капитенот Кирил Лазаров.  На тренингот покрај вообичаениот „баскет“ се разработуваше и тактиката за утрешниот противник селекцијата на Чешка.
- Не ја знаеме уште состојбата со Киро Лазаров. Утре ќе видиме како е и што ќе правиме. Репрезентацијата е многу подобра кога е тој таму на теренот, но можно е да играме и без него, изјави селекторот Раул Гонзалез.
Капитенот на нашата репрезентација го повреди мускулот и денеска беше во Загреб на прегледи. Заедно со него покрај лекарскиот тим се и членовите на РФМ. Се прават напори Лазаров сепак да биде во составот на Македонија за утрешниот дуел против Чешка.
-Треба да бидеме фокусирани на дуелот со Чешка. Нашиот прв следен ривал е токму оваа репрезентација. Со една победа сигурно ќе играме натпревар за 5.место, а со две победи може да се игра и полуфинале. Треба да научиме на грешките од дуелот со Шпанија и да го заборавиме тој дуел,... Составот на Чешка не е истиот кој играше против нас. Треба да се направи добра анализа на „оваа“ Чешка, потенцираше Раул.
Дуелот Македонија – Чешка се игра утре во Вараждин со почеток во 20:30 часот.    
 

 

 

22.01.2018 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега