ВМРО-ДПМНЕ: Кои се двајцата функционери осомничени за корупција и зошто не се презема ништо против нив

 

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Михајло Маневски.

„Македонија во времето на владеењето на СДСМ тонеше на дното на листата на ‘Транспаренси интернешнл’ држејќи го срамното 106. место. Корумпираната Влада на СДСМ повторно ја враќа Македонија во друштво на државите каде што не владее правото“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Од партијата порачуваат дека СДСМ ѝ должи одговори на јавноста кои се двајцата функционери што биле осомничени за корупција и бараат да се објасни зошто против нив не се презема ништо, односно, како што се вели, се кријат и се штитат послушниците на Заев.

„Граѓаните очекуваат одговор зошто толку долго време се одложува случајот „Поткуп“ против Зоран Заев. Граѓаните очекуваат одговор зошто нема никаква реакција од органите на прогонот за скандалот со Цареви кули. Граѓаните очекуваат одговор колку милиони евра ќе инкасира вицепремиерот Кочо Анѓушев од грчкото електростопанство и дали парите што ќе ги исплатат Грците се само за фирмата на Анѓушев или преку нив ќе се исплатат и некакви бонуси за други прашања што им се во интерес“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека владеењето на СДСМ е поврзано со корупција, а Македонија, како што велат, назадува токму поради селективната правда и злоупотребите на институциите кои се политички блокирани.

 

 

 

22.01.2018 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега