Раул Гонзалес: Ќерка ми не сака да си оди од Македонија

 

Мојата постара ќерка Ана има 15 години и игра ракомет за Вардар. Во клубот и се сите другарки, се дружат и излегуваат. Помалата Сузана има 10 години и тренира хип-хоп. И двете зборуваат македонски. Ана прави повеќе проблеми, не сака да оди во Шпанија, не сака да оди во Франција, сака да остане во Скопје. Ама, животот е таков, таа знае дека ќе мора да оди, вели селекторот на македонската ракометна репрезентација во интервју за Офф.нет говорејќи за неговото семејство.

На прашањето дали неговата постара ќерка ќе тргне по неговите стапки тој вели:

– Не мора професионално. Ќе продолжи со спортот сигурно, затоа што спортот е култура! Таа е во чувствителни години, но спортот учи на ред и дисциплина во животот. Тој е начин на живот. Подалеку од пороците.

 

 

 

22.01.2018 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега