Лазаров со смирувачка порака за Македонците - ќе биде ли капитенот изненадување за Чешка

 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, упати смирувачка порака до македонската јавност и истакна дека и натаму постојат шанси тој да биде дел од претстојните натпревари на нашите ракометари на Европското првенсво во Хрватска.

-Сè уште правиме анализи. Не можам ништо да кажам, бидете трпеливи, изјави предводникот на националниот тим.

Пред оваа изјава на еден од најдобрите ракометари во светот, многу се шпекулираше за неговото враќање во натпреварите, а во главно прогнозите беа негативни, па дури и ЕХФ објави дека Лазаров нема да игра до крајот на првенството.

Во текот на утрешниот ден би требало официјално да биде потврдено од страна на РФМ дали Лазаров ќе биде во тимот за мечот со Чешка кој ќе се игра во терминот од 20 часот и 30 минути.

 

 

 

22.01.2018 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега