Лазаров се огласи по повредата: Бидете трпеливи

 

Не треба да се отпишува капитенот Кире Лазаров до крајот на ова европско првенство. Ако го прашате него, тој се уште не се откажува од можноста да се врати во црвено жолтиот табор и да им помогне на репрезентативците на патот кон историското полуфинале.
Лазаров во изјава за Македонски спорт побара трпеливост.

 

„Сè уште правиме анализи. Не можам ништо да кажам, бидете трпеливи“ – вели Лазаров за Македонски спорт.

Претходно, Екипа објави дека повредата на капитенот не е толку сериозна и дека постојат шанси тој да и се врати на репрезентацијата.

Лазаров од утрово е на прегледи и анализи во Загреб, а според информациите кои ги објави Екипа, РФМ ги ангажирале најдобрите доктори од регионот.

Ваквиот развој на настаните е во псоритвност со информацијата на ЕХФ дека за Лазаров првенството е готово.

 

 

 

22.01.2018 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега