Стоилов: Овој пораз боли, но ќе останеме со главите горе
Стојанче Стоилов по денешниот пораз на мечот Македонија-Шпанија, не ја криеше својата разочараност.
„Не би рекол дека изгоревме во желбата, но во секој случај загубивме од самиот почеток, кога дозволивме противникот да доминира. Требаше да играме, да контролираме, но наместо тоа противниците ни ја земаа топката од раце и потоа излегуваа сами на нашиот голман. Останавме и без Лазаров, премногу работи ни се случија на денешниот дуел… Толку многу сакавме да се носиме со Шпанија, да продолжиме со добрите игри… јас лично верував дека можеме да славиме, затоа и овој пораз сега боли“ – истакна Стоилов за Екипа.мк.
Сепак, големиот борец јасно стави до знаење дека не се откажува од борбата за полуфинале, за што Македонија ќе мора да триумфира на последните две средби со Чешка и со Данска.
„Не се откажуваме, ќе останеме со главата горе и ќе се обидеме да ја оствариме таа желба што толку многу ја посакуваме. За два дена ќе играме со Чешка, треба да победиме, па потоа в среда би излегле на мегдан со Данска на дуел „да се биде или не“. Мораме да продолжиме да се бориме и да не се откажуваме, тоа е сигурно“ – порача Стојанче Стоилов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа