Шпанија со убедлива победа - првиот пораз на Македонија во втората фаза

 

Македонската ракометна репрезентација го запиша првиот пораз на Европското првенство во хрватска откако вечерва во Вараждин загуби од Шпанија со 31:20.

Во првото полувреме капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров се здоби со повреда, кој потоа го пропушти остатокот од мечот, а можно е да не игра до крајот на дуелот.

Борко Ристоски забележа 7 одбрани, додека Никола Митревски имаше 14 одбрани во натрпеварот.

Со овој пораз Македонија паѓа на четвртата позиција во групата со пренесените 3 поени од првата фаза.

Данска се наоѓа на првата позиција со 6 поени, пред Германија и Шпанија со по 4, по што следуваат Македонија со 3, Чешка со 2 и Словенија со 1 поен.

Следниот натпревар Македонија го игра во вторник, против селекцијата на Чешка, а веќе следниот ден и последниот натпревар од втората фаза против Данска.

 

 

 

21.01.2018 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега