Македонските навивачи ја продолжија традицијата за Водици - фрлање на крстот во Загреб
Македонските навивачи ја продолжија традицијата на големите ракометни натпреварувања за време на големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Околу 50 Македонци дојдоа во црквата Света Злата Мегленска во Загреб да го одбележат овој голем празник.
Светиот крст го фати Петар Симонов од Скопје.
Си посакаа здравје и уште победи за македонската репрезентација на ЕП.
Инаку, ракометните натпреварувања се одржуваат во јануари, а македонските навивачи веќе традиционално за Водици скокаат по крстот без разлика во која земја и да се.
19.01.2018 - 13:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа