Градоначалникот Чадиев секој втор четврток на средба со граѓаните
Градоначаникот на Општина Велес, Славчо Чадиев на денешната прес-конференција најави дека ќе има средби со граѓаните секој втор четврток во месецот почнувајќи од овој четврток (2 мај).
- Граѓаните ќе имаат можност од мене, но и од целокупната администрација да побараат одговор на прашања кои се од нивни интерес, да ги изнесат своите проблеми и да бараат решение за истите. Нивните забелешки, идеи и сугестии ќе бидат од големо значење за мене како градоначалник, но и за локалната самоуправа, потенцира Чадиев.
ФОТО:Сител