Утре прекин на сообраќајот на булеварот Борис Трајковски

 

Утре за 1 мај ќе има целосен прекин на сообраќајот на крак од булевар „Србија“, на приодот од фабрика „Усје“ кон крстосница со булевар „Борис Трајковски“.

Сообраќајот ќе биде пренасочен по стариот крак на излез од фабриката „Усје“ кон крстосницата со булевар  „Борис Трајковски“. Прекинот на сообраќајот ќе трае во период од 10:30 до 15:00 часот

За време на изменетиот режим на сообраќај, се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим и да ја почитуваат поставената сигнализација.