ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Ги излажавте граѓаните, Прилеп е двојазичен

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп со јавно обраќање до градоначалникот Илија Јованоски од СДСМ.

-Почитувани излажани прилепчани и ти градоначалниче промотор на лагите, а сега далеку во странство! Најпрвин сакаме да ви го честитаме првиот работен ден во двојазичен Прилеп. Да, да двојазичен за кој што вие не убедувавте дека народот не разбрал добро, а гордо се смешкавте зад промоторот на тиранската платформа Зоран Заев под градскиот чaсовник. Имате поздрав од жителите на Три багреми-велат сте ги излажале! Имате поздрав од фудбалерите,ракометарите,рекреативците и Вие но и тие од пресовите зад вас што ветуваа европски спорт-велат сте ги излажале. Имате поздрав од пензионерите,кои со проектот Супер Марио беа препородени-велат сте ги осакатиле! Имате поздрав од 22.000 семејства во Прилеп-чекаат 20% поевтина вода -сте ги излажале! Имате поздрав од 280 фамилии чии членови благодарение на вас останаа без егзистенција-сте ги уништиле! Градоначалниче-на лагата и се кратки нозете! Ве прочитаа сите! Од ден во ден нова лага, ново неисполнето ветување! Но денес ваш најголем противник не е ВМРО-ДПМНЕ, туку народот и вашите гласачи кои се тотално разочарани од Вас. За крај кај и да сте, добро поминете си и помислете дека веќе 4 месеци го уништувате Прилеп. Почнете да работите! Доста е шетање, доста е сликање, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

 

 

 

12.01.2018 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега