СДСМ: Неточни информациите за повеќејазичните табли

Неточни се информациите за наводно поставување на нови повеќејазични табли, граѓаните ги препознаваат лажните вести, велат денеска од СДСМ.

- Информациите објавени во одредени медиуми за наводно поставување на повеќејазични табли денеска, пред институциите или на патиштата низ државата, се целосно неточни и истите претставуваат класични лажни вести. Повеќејазичните информативни табли и патокази што денеска се објавени во неколку медиуми се поставени многу одамна, а граѓаните извесен период сведочат за нивното постоење. Како потврда за тоа е фотографијата во прилог, направена во мај 2017 година, на која што јасно се гледа дека веќе биле поставени овие табли пред повеќе од година и половина, велат од СДСМ.

 

 

 

 

 

 

12.01.2018 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега