1335 Македонци сакале азил во земјите на ЕУ - им се посреќило само на 25
Македонија се најде на 22. место на листата од триесет земји чии граѓани најмногу барале азил во Европската унија во првиот квартал од годинава. Во првиот квартал од годината, биле разгледани 1.335 барања за азил што македонски граѓани ги поднеле во некоја земја членка на ЕУ, објавува „Радио Слободна Европа". Албанците поднеле 2.200 а Турците 1.660 барања за азил.
Според најновата анализа на Еуростат, на врвот на листата е Русија. Само во првиот квартал од 2013, за азил во некоја од земјите членки на ЕУ, аплицирале над 8.400 Руси, половина од нив под 18 години. Тоа е за 4 илјади повеќе од минатата година. Веднаш зад РУсите се најдоа Сиријците кои бегаат од граѓанската војна. Бројот на Сиријците кои аплицирале за статус на бегалци во ЕУ е зголемен за 6.000 во однос на лани. Русите и Сиријците претставуваат скоро 20 проценти од сите баратели на азил во Европската унија.
На трето место се најдоа Авганистанците со 5.800 апликации, додека зад нив се Пакистанците со 4.300 барања за азил.
Интересно е што девет од десет одлуки во првата инстанца за Сиријците се позитивни, додека 9 од 10 одлуки на апликациите на српски државјани биле негативни.
Најмногу барања за азил, или скоро 25 отсто, има во Германија, каде во првиот квартал од годинава азил побарале над 21 илјада луѓе. Оваа бројка е за 6 илјади повеќе споредено со истиот период лани. Зад најпосакуваната Германија, е Франција со скоро 16 илјади баратели, по што следуваат Шведска со 9.720 и Британија со над 7.100 луѓе.
ВО анализата на Еуростат стои дека бо првите три месеци од годинава, во земјите на Европската унија, азил побарале над 85 илјади луѓе, што е за 15 илјади повеќе во споредба со истиот период минатата година.