Полицијата и родителите патролираа низ гостиварските кафулиња
Неколкумина родители заедно со полициските службеници синоќа беа во обиколка на кафулињата во Гостивар за да видат каде и како се забавуваат нивните деца на вечерните излегувања.
Активноста е дел од проектот „Мешани патроли“ на МВР, кој е во насока на промоција и продлабочување на соработката меѓу граѓаните и полицијата.
Родителите позитивно го оценија проектот, сметаат дека е корисен и дека вакви активности треба да има почесто.
- Патролата синоќа не забележа незаконитости во гостиварските кафулиња што ги посети. Не беа регистрирани случаи каде тинејџери пијат алкохол или, пак, престојувиваат во локалите по полноќ, изјави Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово
Тој нагласи дека една од целите на мешаните патроли е да се подигне свеста кај родителите навреме да преземаат мерки за да спречат појава на деликвенција и престапништво.
Минатиот викенд родители и полицајци патролираа по омилените собиралишта на младите во Тетово.