Зголемен бројот на работници во индустријата

 

Бројот на работници во индустријата во јули е зголемен за 0,7 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека пораст на бројот на работници има во секторот Рударство и вадење камен за 8,4 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,1 процент, додека намалување е забележано во преработувачката индустрија за 0,1 процент.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Енергија за 8,5 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8 отсто и Капитални производи за 0,3 отсто.

Зголемување на бројот на работници во индустријата е забележан и во периодот јануари - јули за 0,6 проценти. 

30.08.2013 - 13:44

најчитано сега