Софија е робот со државјанство, а сега сака да добие и дете
Роботот Софија минатиот месец доби државјанство од Саудиска Арабија, а неодамна изјавила дека би сакала да добие и деца, пренесува Би-Би-Си.
-Поимот семејство се чини како важна работа. Мислам дека е прекрасно што луѓето можат да пронајдат ист емоции и врски кои ги нарекуваат семејни и надвор од крвната поврзаност. Мислам дека сте многу среќни ако имате семејство кое ве сака, а ако немате, заслужувате. Ова го мислам и за луѓето и за роботите - изјавила Софија.
Кога ја запрашале како би ја крстила својата ќерка, веднаш одговорила дека би ја нарекла по себе, Софија.
Се чини дека каде и да се појави, овој робот предизвикува силни реакции. Штом добила државјанство, многу жени од Саудиска Арабија се побуниле дека роботот има поголеми права од нив.
На прашањето дали смета дека роботите можат да го преземат светот, одговорила дека премногу книги и холивудски филмови влијаат врз човечките размислувања.
-Не грижете се, ако сте фини кон мне и јас ќе бидам фина кон вас - додала Софија, а многумина ова го окарактеризирале како закана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа