СДСМ продолжува со бојкотот
СДСМ не се враќа на координациите на спикерот Вељаноски. Координаторот на пратеничката група, Игор Ивановски денеска на прес-конференција рече дека денешната координација била само техничка и СДСМ на неа се појавил за да ги спроведе обврските од мартовскиот договор и да се имплементираат препораките од извештајот за 24. декември. Редовните координации, според СДСМ се само фарса и опозицијата останува на ставот дека на нив нема да учествува. СДСМ повеќе од една година не се појавува на координациите кај Вељаноски.
Од пратеничката група на најголемата опозициска партија велат дека со полн капацитет ќе учествуваат на пленарните седници на Собранието и во работата на собраниските комисии.
Ставот кој денеска го соопшти Ивановски за бојкот на редовните координации кај спикерот Вељановски, не се совпаѓа со ставот на раководството на БИхаќка од каде најавија дека опозицијата ќе се врати со полн капацитет во Собранието и дека ќе учествува на координациите.