Тројца скопски дилери паднаа во рацете на полицијата
Тројцата млади скопјани Ф.И., Д.С. и С.П. си заработија кривични пријави, откако на 20. август годинава, во „БМВ“-то на Ф.И. полицијата затекнала еден килограм марихуана.
Според МВР, полицијата го сопрела автомобилот на авотпатот Скопје-Тетово, кај клучката Групчин. Полицајците почнале да ги претресуваат тројцата скопјани кои се возеле во автомобилот, и кај Д.С. пронашла еден килограм марихуана. Тој рекол дека дрогата ја купил од Ф.И. и требало да ја однесат и препродадат во Охрид.
Ф.И. и Д.С. си заработија 30 дневен притвор.
29.08.2013 - 12:16