Измамените клиенти денеска ќе сведочат против фризерката од која купија “станови“

 

Денеска во скопскиот кривичен суд ќе продолжи судскиот процес против фризерката Благица Дончевска, која е обвинета дека на 42 лица им продала фиктивни станови. Нејзиниот татко, Ацо Вељановски, пак, е обвинет за помагање. Денеска свој исказ ќе дадат жртвите на нејзината измама. 

На претходните судски рочишта, Дончевска тврдеше дека всушност и таа била жртва на две лица, кои и ветиле евтини станови и на кои им дала пари на рака. Таа сосема го промени својот исказ даден пред истражен судија, тврдејќи пред судот дека со парите кои ги земала од своите жртви, ги враќала коцкарските долгови на сопругот. Според неа, измамаените клиенти едни со други се вмешувале во измамата. 

Фризерката Дончевска беше уапсена во март, откако група граѓани ја пријавиле да ги лажела дека работи за Владата и им продавала фиктивни станови. Според полицијата, таа измамила дури 42 лица, од кои земала 55 милиони денари, кои биле уплатени на сметката на татко и. Имотот на ДОнчевска е замрзнат. 

29.08.2013 - 10:59

најчитано сега