Крадците не знаат за стоп - гостиварчанец преку ноќ осиромаши за 900.000 денари

Крадци од домот на 62 годишен гостиварчанец заминале со плен тежок, над 900 илјади денари, информираат од СВР Тетово. Кражбата најверојатно се случила синоќа, во периодот кога домашните биле заминати на гости.

По извршениот увид констатирано е дека непознати сторители, провалиле во домот на Н.А. (62), на улица Илинденска,  со насилно отварање на подрумски прозорец. По пребарувањето, во една од спалните соби на катот, нашле кутија во која имало неколку десетина парчиња златен накит и еден машки рачен часовник.

Во првите шест месеци од оваа година на поширокото гостиварско подрачје регистрирани се вкупно 245 тешки кражби, од кои над половината (123) биле извршени во куќи и станови, пред се на времено вработени во странство.

29.08.2013 - 10:19

најчитано сега