УКИМ, МОН и Дракслермаер ќе ја официјализираат соработката

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Министерството за образование и наука и Дракслермаер Македонија денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.

Со Меморандумот се овозможува стипендирање на 15 студенти од Машинскиот факултет при УКИМ.

Меморандумот ќе го потпишат ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претставникот Дракслермаер Македонија, Ѓорѓи Тренкоски. 

29.08.2013 - 08:25
Фото: 
влада.мк

најчитано сега