НДМ: Заев да покрене иницијатива за единствен македонски став за името
„НДМ силно го охрабрува премиерот Заев да иницира Совет на политички лидери во кој би се изградил единствен македонски став за името, бидејќи името не е прашање на една партија или на една влада. Во Советот би биле претставени сите партии и во него на едно место би била собрана целокупната политичка памет во земјата, со што се отвора патот за домашно единство во спорот за името како прашање од највисок национален интерес“, велат од НДМ.
Ова, според партијата, не е посебен проблем, бидејќи останува да се повика само уште Народно движење за Македонија, со оглед дека сите останати четириесетина партии од македонскиот блок во моментот се во сателитските коалиции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
„За споредба, грчките политички партии уште со појавувањето на проблемот со името го донесоа официјалниот став кој и денеска е на сила, и кој во суштина се сведува на национално обезличување на Македонците, а секое отстапување од тој став се цени за национално предавство во Грција“, велат од НДМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа