Кире Наумов ја официјализираше кандидатурата: Ја барам поддршката за победнички СДСМ

 

Кире Наумов и официјално влезе во трката за наследник на Црвенковски. Тој својата кандидатура денеска ја објави го Градскиот Парк во Скопје. Рече дека е еден од членовите на СДСМ кои силно ја критикуваат власта на ВМРО-ДПМНЕ но и дека е убеден дека грешките на СДСМ не треба да се премолчуваат.
„Ова го правам врз основа на барањето на голем број членови на СДСМ, кои после моите настапи во јавноста, ме поттикнуваа да ја истакнам својата кандидатура за оваа функција. Имаме концепт со кој може Социјалдемократскиот сојуз да стане реална и прифатлива алтернатива за сегашната власт. Имам визија како да ја вратиме надежта кај работниците, осиромашените, кај невработените, маргинализираните групи и кај сите чија основна желба е живеат достоинствено од својот труд“ - рече Наумов.
Тој истакна дека има сила и волја да ја обедини партијата и заедно со членството да ја гради социјалдемократската идеја во Македонија. Според Наумов, во СДСМ има огромен кадровски потенцијал
„Се кандидирам за претседател на СДСМ затоа што сметам дека сум способен, дека имам занење, дека имам енергија да ја извршувам оваа функција. Се кандидирам затоа што знам дека постои постои начин СДСМ со добар концепт, со добар тим и пред се со нов начин на дејствување, повторно да стане победничка партија.“ - рече Наумов потенцирајќи дека е подготвен да работи заеднички и искрено со сите членови на СДСМ
„Од овој момент ја барам поддршката на секој член, на месните организации, општинските организиациим членовите на Централниот одбор и делегатите на Конгресот за мојата кандидатура за претседател на СДСМ, за нов победнички Социјалдемократски сојуз на Македонија“ - заклучи Наумов

најчитано сега