Пијте го овој напиток наутро наместо кафе и лесно ќе ослабете

 

Црниот, зелениот и белиот чај се приготвуваат од исто растение Camellia sinensis. За трите видови чај се избираат различни делови од растението, кои се берат во различно време од годината и се оставаат да ферментираат исто така различно. За белиот чај се собираат најмладите лисја од растението кои не се ферментираат. Зелениот чај се приготвува од сите делови на растението и нивната ферментација трае многу кратко. Црниот чај претрпува целосна ферментација.

Црниот чај содржи големо количество витамини Ц и Е и е многу силен антиоксиданс. Тој се бори против стареењето и ако се пие и ако се применува дирекно на кожата. Можете да правите компреси со црн чај или пак да го миете лицето со истиот.

Црниот чај го намалува нивото на кортизолот(хормонот на стресот) во крвта. Тоа го прави особено полезен за активните луѓе. Луѓето кои редовно консумираат црн чај стануваат адаптивни кон стресовите ситуации и нивниот мозок реагира умерено, без крајности. Поради истата причина полесно преминуваат кон процесот на релаксација.

Црниот чај делува полезно и на функциите на дигестивниот тракт, го активира метаболизмот, ги ублажува стомачните и менструални болки.

Црниот чај го нормализира пулсот и особено е ефикасен за луѓе со низок крвен притисок. Па затоа слободно можеме да кажеме дека чаша чрн чај е многу поздрав старт на денот од кафето.

 

 

 

13.10.2017 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега