Извештајот за 24 декември - еве што точно потпишаа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

 

1. Различните толкувања на применетата легислатива, почетокот на новата фискална година заедно со чекорите кои не беа во согласност со актите кои ја регулираат работата на Собранието во постапката за усвојување на Буџетот, предизвикаа ескалација на настани.

2. Отсуството на ефективен капацитет за надминување на спорови, исто така може да се смета како фактор што предизвикува конфликт во работата на парламентот.

3. Под овие околности, координацијата очигледно не функционира онака како што е предвидена и уредено да работи согласно Деловникот и Законот за Собранието.

4. Соодветни процедури во случај на “филибастеринг” се речиси непостоечки.

5. Отсуството од соодветни насоки за справување со ваков тип на ситуации, вклучително и отсуството на стратегија за справување со медиумите во кризни ситуации резултираше со отстранувањето на новинарите од собраниската галерија, што ги прекрши загарантираните права за слобода на јавно информирање и јавност на работата на СРМ. Собранието со посебно внимание и отвореност треба да се однесува кон слободата за извесување на медиумите и да ги применува принципите од најдобрата европска практика во овој сегмент.

6. Ескалацијата на настаните и ангажманот и интервенцијата на полицијата која ги доведе во прашање уставните одредби за поделба на власта, ги оневозможи пратениците во остварување на нивната функција (да ги претставуваат граѓаните и да одлучуваат по свое уверување).

7. Имајќи го ова во предвид Комисијата уште еднаш укажува на потребата од почитување на правните акти, како суштинска компонтента на владеењето на правото кое претставува темелна вредност во уставниот систем на Република Македонија. Од големо значење е хармонизирање и прецизирање на правните правила кои се однесуваат на работата на СРМ а се содржани во Деловникот и Законот за СРМ, заради што Комисијата препорачува и одредени измени и дополнувања кои се однесуваат на работата на СРМ и ги предлага 11 – те препораки.

(Интегрлен текст на Извештајот за случуањата на 24 декември во Собранието кој денеска го потпишаа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.)

Извор: Плусинфо

26.08.2013 - 15:48

најчитано сега