СДСМ: Власта го минимизира значењето на извештајот за 24 декември

 

Во животот ништо не е случајно. Па ни фактот што на полни 33 години Илија Димовски никако да се стекне со титулата дипломиран правник. Човек што дефинира официјален документ, како што е извештајот на Комисијата за настаните од 24-ти Декември, како ,,хартија од палома прашање е дали го заслужува статусот студент на правен факултет.

Уште потрагично е што и неговиот партиски шеф, носителот на функцијата  Претседател на владата на Република Македонија, магистерот по економски науки Никола Груевски, правните квалификации во документ од суштинско значење за државата ги дефинира како невалидни. Вечниот студент по право и посветен партиски службеник, Илија Димовски, денеска само ја дообјасни формулацијата на премиерот Груевски.

ВМРО - ДПМНЕ прави натчовечки напори да го минимизира значењето на документот и да ги девалвира заклучоците и одговорноста за прекршување на Уставот од страна на ВМРО - ДПМНЕ на 24-ти Декември минатата година. 

На граѓаните останува да ја проценат посветеноста на владеењето на правото како и цивилизациски дострели, вербалниот капацитет и уличарската елоквентност на Груевски и Димовски.

 (Интегрален текст од писмена реакција на СДСМ)

26.08.2013 - 15:42

најчитано сега