Груевски: Ќе гласаме за Извештајот под уцена во интерес на државата

 

Премиерот Никола Груевски анјави дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за 24 декември ќе гласаат за Извештај кој ќе го состави СДСМ и ќе пруифати сите правни квалификации кои ќе стојат во него само во интерес на државните интереси.

„ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да гчласа и да потпише Извештај каков што СДСМ сака. Ако ним не им важен интересот на државата нам ни е. Одлучивме да подметнеме грб и се да потпишеме. Ако не можат да се израдуваат на изборен резултат нека се радуваат на ова“, рече Груевски на вечерашната прес-конференција во партискиот штаб.

Додаде дека сеуште ја остава отворена можноста за предвремени парламентарни избори пред извештајот на Европската Комисија доколку СДСМ се предомисли до утре.

„Како П.С би рекол- ако до утре се предомислат нека кажат, нашите пратеници се тука, веднаш ќе сојдат и ќе распишеме избори па народот нека реши“, рече Груевски.

Претходно потсети дека токму членството на СДСМ на 1ви март играше оро пред штабот на Бихаќка оти Црвенковски триумфално соопшти дека со договорот Груевски прифаќа предвремени избори во септември. Затоа, вели груевски, денешниот став на СДСМ во кој тие експлицитно одбиваат избори е чиста пародија.

„СДСМ знае дека ја нема поддршката од народот. Оваа бранкова гарнитура ја нема поддршката. Стравот дека катастрофално ќе загубат е причина што не сакаат избори а не изборниот законик кој беше далеку полош во 2006та кога ВМРО-ДПМНЕ од опозиција дојде на власт. Од тогаш 4 пати го подобрувавме текстот, но сеуште не сме направиле закон кој ќе ги донесе веднаш СДСМ на власт“, изјави премиерот.

најчитано сега