Лекува дури 13 болести: Еве зошто треба да јадете што повеќе костени

 

Моќниот костен претставува природен извор на енергија и здравје што ни е потребен во првите студени денови кога се адаптираме на зимата. 

Питомиот костен е исклучително хранлив и содржи вредни минерали и витамини како што се магнезиумот, калциумот, калиумот, фосфорот, железото, речиси сите групи на витаминот Б. Плодовите се користат во исхраната на различни начини – варени, печени, во вид на пире, сушени за брашно, во многуте благи и солени јадења, како мед од костен.Плодовите на питомиот костен ја прочистуваат крвта и го јакнат имунитетот, тешко се варат меѓутоа даваат многу енергија бидејќи содржат многу јаглени хидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза.

Порано се користел за зајакнување на организмот, додека во средниот век овие плодови се употребувале како важна намирница во исхраната на сиромашните слоеви на општеството. 

Листовите од костенот се користат како чај. Тие содржат дури 95 проценти танин, разни есенцијални смоли и витамин К, кој е исклучителен кај запирање на крварењето бидејќи ги стеснува крвните садови. Во комбинација со мајчина душица ги лечи проблемите поврзани со системот за дишење, го чисти организмот, помага кај болките во грбот, кај диареата итн. Медот од костен исто така е исклучително хранлив и лековит. Го лекува гастритисот и пречките во варењето, го штити црниот дроб, придонесува за подобра циркулација на крвта итн.

Од плодовите е позната тинктурата за проширени вени, кај проблеми со циркулацијата, кај болките во коските, зглобовите и во грбот. Цветовите исто така се користат за изработка на тинктура за лекување на реуматски болки , на гихтот, артритисот и неуралгијата. Од пупките се прават и познатите Бахови цветни капки кои наводно помагаат кај концентрацијата.

Што се однесува до дивиот костен, неговите плодови не се јадат, но се користат во народната медицина како и сите делови на дрвото кои се лековити и се користат најчесто во лекување на проблемите со вените и со реумата. Дивиот костен во себе го има есцинот (сапонинот) кој е заслужен за зацврстување на ѕидовите на капиларите и вените па поради тоа делува диуретично и антивоспалително, ги намалува отоците на лимфата и помага кај кожни заболувања.

 

 

 

29.09.2017 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега