Сите го чекаат СДСМ

 

Соијалдеморкатскиот сојуз гради стратегија по вчерашниот предлог на премиерот Никола Груевски, партијата сама да си изгласа извештај за случувањата од 24 декември, или утре дасе распушти Собранието и да се организираат предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ ги нуди следните алтернативи. Предлагаме Комисијата да се собере веднаш и да изгласа Извештај со надгласување. Ако Давитковски не сака да гласа вака, подготвени сме да прифатиме кој сакаат претседател па и самиот Бранко Црвенковски, Јани Макрадули, Радмила Шекеринска или кого сакаат. Со тоа ќе добиеме партиски извештај и целата јавност ќе знае дека е така но барем ќе го имаме.

Втора алтернатива ако ова е неприфатливо. Веднаш во понеделник на итна седница да распишеме вонредни парламентарни избори. Претходно да потпишеме Извештај со правни квалификации по мерка на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе важи само ако ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови на изборите и еден извештај со квалификации по мерка на СДСМ кој ќе стапи во важност доколку СДСМ освои повеќе гласови на изборите.

 

Понеделник е последен ден на кој може да се распишат избори кои би се одржале пред 16 октомври, денот на објавување на Извештајот на Европската комисија. изборите бис е одржале на 13ти октомври - недела. Предвремените избори имаат смисла само ако се одржат пред Извештајот на ЕК. Затоа, или изгласајте партиски извештај или ајде на избори па народот нека реши.“, рече Груевски на вчерашната прес-конференција.

Заминчката Радмила Шеќеринска вчера во изјава за Телеграф рече дека партијата го гради ставот и дека во текот на денешниот ден ќе излезат со став. Неофицијалните информации велат дека од 11 часот претпладнево на Бихаќка тече состанок на партиското раководство на кој треба да се определат следните чекори на партијата

25.08.2013 - 12:42

најчитано сега